Хамилтон: Работата уште не е целосно завршена

Британецот Луис Хамилтон, кој по петти пат ќе освои титула првак во Формула 1, посакува победа на трката за Големата награда на Бразил и неговиот тим Мерцедес да ја освои титулата кај конструкторите.

Хамилтон одамна не победил на патеката „Интерлагос“, а на Мерцедес му требаат 20 поени повеќе од Ферари за да ја освои титулата уште викендов. Тоа веројатно ќе биде можно само во случај на некој кикс на италијанската Скудерија. Поверојатно е Мерцедес да слави на последната трка на „Јас Марина“ во Абу Даби, но Хамилтон и Валтери Ботас ќе се обидат уште во Бразил.

„Работата не е завршена за оваа сезона. Фокусирани сме на победите на последните две трки. Знаеме дека Ферари ќе биде опасен. Во фабриката за нас напорно работат повеќе од 1.000 луѓе и овие успеси најмногу ќе им значат на ним. Убаво би било Ботас да победи и сезоната да ја заврши на убав начин“, изјави Хамилтон, кој откако обезбеди титула за себе, можеби и ќе му дозволи на Ботас да го престигне и да се бори за триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести