Хамилтон се израдува на првата победа со Ферари, Пјастри прв пат е најбрз во квалификациите

Луис Хамилтон победи во првата спринт трка која се одржа сезонава. На патеката во Шангај, Британецот беше најбрз по 19 извозени кругови и заврши пред Оскар Пјастри и Макс Ферстапен. Во Топ 5 беа и Џорџ Расел и Карлес Леклер.

На стартот од трката Хамилтон успеа да го затвори Ферстапен, а Леклер го нападна Пјастри во првиот сектор. Британецот потоа искусно, не дозволи ниту еден ривал да го загрози и стигна до дебитантската победа во болидот на неговиот нов клуб, Ферари. Интересно е дека Хамилтон пред помалку од една недела го критикуваше болидот на Ферари велејќи дека е изненаден колку е поспор од болидите на конкурентите.

По спринт трката, се возеа и квалификациите кои го одредија пласманот пред утрешната главна трка.

Во квалификациите најбрз беше Оскар Пјастри пред Ландо Норис и Макс Ферстапен. Потоа следуваат Хамилтон, Расел, Леклер… За Пјастри ова е прва пол-позиција во неговата кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести