Хамилтон се сомнева во Ред Бул: Тие нешто кријат, не може туку така да се убедливо најбрзи

Пред нас е нов интересен викенд во Формула 1, кога ќе се вози Големата награда на Сингапур.

Единствената ноќна трка во календарот ќе покаже дали некој од тимовите успеа да направи напредок и да им конкурира на Ред Бул и Макс Ферстапен.

„Едноставно, нè е можно тие толку да се брзи. Мора да кријат нешто што се крши со регулативите на Ф1. Во секој случај, не е мое да говорам, има луѓе коишто се задолжени за регуларноста на болидите“, изјави Луис Хамилтон.

Ферстапен оваа сезона речиси и да нема конкуренција, а во неколкуте наврати кога Ферарито на Шарл Леклер имаше слични или подобри остварувања, тогаш следуваа катастрофални одлуки на тимот од Маранело.

- Оглас -

Најнови вести