Хамилтон скршен од болка кога му кажаа дека на трката во Канада прегазил животно (Видео)

Во 13-тиот круг од вчерашната трка за Големата награда на Канада, Луис Хамилтон од Ферари закачи „нешто“ на патеката, по што перформансите на оштетениот црвен болид станаа послаби.

Се покажа дека тоа „нешто“ бил мрмот кој Хамилтон го прегазил.

Патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал е во близина на парк во којшто има многу животни, меѓу кои и мрмоти. Еден од нив се најде на патеката и, за жал, малиот глодар беше смачкан откако беше прегазен со огромна брзина.

„Почувствував и слушнав некој удар, но не знаев што е. Подоцна ми кажаа дека бил мрмот. Тажен сум, не се чувствувам добро бидејќи навистина многу сакам животни. Никогаш порано не ми се случило вакво нешто“, рече Хамилтон, кој е веган.

- Оглас -

Најнови вести