Хамилтон со една продажба заработил над осум милиони евра и тоа од етички причини

Луис Хамилтон несомнено е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула еден.

Седумкратниот првак во најбрзиот спорт за малку не успеа да дојде до осмата титула со што ќе осамнеше на врвот според шампионските круни, откако во последниот круг на трката „Јас Марина“ во Абу Даби беше престигнат од Макс Ферстапен.

Но, деновиве Британецот е во центарот на вниманието по нешто друго. Тој ја продал својата кола Пагани за 10 милиони евра, откако пред само неколку години ја купи за нешто повеќе од милион.

Станува збор за специјално изработена кола за Британецот од страна на овој прозиводител а ваквата одлука на Ф1 возачот е од етички причини бидејќи во иднина ќе вози само хибридни или електрични коли.

- Оглас -

Најнови вести