Хамилтон со Ферари победи на спринтот, но на главната трка други се фаворити

Трката за Големата награда на Кина во Формула 1 која ќе се вози утре наутро од 8 часот на патеката во Шангај, треба да донесе голема неизвесност и борба за победата и местата на подиумот.

Победата на Луис Хамилтон на спринт трката покажа дека и Ферари ќе има свои адути во Кина, но на квалификациите пилотите во црвените болиди беа на петто и шесто место, па главни фаворити за победа се двајцата возачи на Мекларен, како и шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул и Џорџ Расел од Мерцедес.

Првпат во кариерата од пол-позиција ќе тргне Австралиецот Оскар Пјастри и треба да се види како ќе се снајде во таа улога и дали ќе го издржи притисокот. Расел беше втор во квалификациите и ќе биде главен предизвикувач на стартот, но и Ландо Норис и Ферстапен ќе сакаат што побрзо да се пробијат понапред.

Според квотите во Sport Life, Норис е втор фаворит за победа после тимскиот колега од Мекларен, Пјастри, а на Ферстапен и Расел им се даваат исти шанси.

- Оглас -

Најнови вести