21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хамилтон со пол позиција најави дека ова ќе биде историски викенд за Ф1

Луис Хамилтон ќе стартува од челната позиција на утрешната трка на патеката во Сочи. Британецот со денешното возење потврди дека е подготвен на утрешната трка да влезе во историјата на Формула 1 и да се израмни со Михаел Шумахер по бројот на победи. Легендарниот Шумахер има 91 победа, а Хамилтон е на една победа помалку.

На патеката во Сочи Хамилтон постави рекордно време од 1:31:304 минута и тоа беше доволно да стигне до осмата пол-позиција сезонава, а вкупно 96-та во кариерата. Веднаш до најбрзиот ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул кој заостана 0,563 секунди, додека трет е Валтери Ботас.

Возачите на Ферари повторно имаа разочарувачки квалификации. Себастијан Фетел излета во втората третина од квалификациите, а Шарлс Леклер за неколку илјадитинки не успеа да се пласита во третата третина од квалификациите и ќе стартува од 11 место.

 

- Оглас -

Најнови вести