Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за големата награда на Јапонија. Британецот утрово дојде до својата 80 пол позиција во кариерата. за комплетирање на добрите квалификации на Мерцедес, Валтери Ботас имаше второ најдобро време.
За разлика од Мерцедес, повторно разочараа возачите на Ферари, посебно Себастијан Фетел, кој се надева да се бори во трка за титулата. Германскиот возач ќе стартува дури од деветата позиција, додека неговиот тимски колега Кими Раиконен ќе биде на четвртото место на стартната линија. Трето најдобро време во квалификациите имаше Макс Верстапен.