Хамилтон со рекорд на патеката во Истанбул, утре ќе стартува 11-ти

Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Турција во Формула 1, иако најбрз на денешниот официјален тренинг беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Мерцедесите доминираа на патеката во Истанбул и најавија интересна трка.

Хамилтон беше најдобар во сите сесии, постави рекорд на патеката, и имаше најдобро време во квалификациите, но бидејќи го смени моторот по четврти пат сезонава, доби казна од 10 позиции назад, па трката ќе ја почне од 11-то место.

Макс Ферстапен ќе тргне како втор, зад Ботас, и пилотот на Ред Бул ќе мора да биде внимателен, и што побрзо да се најде пред Финецот, за да не се доведе во опасност да се најде во ситуација во финишот на трката да биде стигнат од Хамилтон кој со брзината која ја има, лесно ќе ги претекнува болидите пред себе.

- Оглас -

Најнови вести