16.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Хамилтон со совет до Мекларен: Или тоа, или Ферстапен ќе ви ја земе титулата

Возачот на Ферари и седумкратен првак во Формула 1, Луис Хамилтон, верува дека возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, ризикуваат да ја изгубат титулата во битката со Макс Верстапен од Ред Бул.

„Норис и Пјастри имаат доволно победи, па тешко ми е да им дадам совет. Но, дојде моментот кога двајцата мора да се фокусираат исклучиво на титулата и да ги остават сите други работи настрана. Мора да бидете немилосрдни. Тоа е начинот на размислување со кој Верстапен пристапува кон трките, и тој ќе ти ја одземе титулата ако го немаш тој начин на размислување. Мора да одиш до крај“, рече Хамилтон.

Ферстапен победи на три од последните пет трки и заврши втор двапати, намалувајќи ја разликата во однос на лидерот Оскар Пјастри на 40 поени, а останаа уште пет трки до крајот. Ферстапен имаше минус од 104 поени зад Пјастри по Големата награда на Холандија на крајот на август, но негативата се топи во последните два месеци.

Хамилтон смета дека Ферстапен е во предност бидејќи знае како да освојува титули и додава оти полесно е да бидеш ловец отколку да го браниш врвот.

„Кога си во водство, имаш сè да изгубиш и притисокот е поголем отколку ако си ловец“, додаде Британецот. 

Возачите на Мекларен влегуваат во последните пет трки слободни да се тркаат едни со други и без никакви внатрешни тимски наредби, освен таа да не се судираат еден со друг.

Според квотите во Sport Life, пред утрешните квалификации во Мексико, фаворит за титулата е Ферстапен, иако моментно е трети во генералниот пласман. 

- Оглас -

Најнови вести