Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Спа“ и ја освои Големата награда на Белгија. Светскиот првак ја оправда пол-позицијата и ја запиша 89-тата победа во кариерата откако вози во Формула 1, наближувајќи се на рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.
https://twitter.com/F1/status/1300080473583112196
Потребни му се уште две победи за Хамилтон да се изедначи со Шумахер на 91 победа во најбрзиот светски циркус. Возачите на Мерцедес остварија еден-два победа во Белгија, Валтери Ботас заврши како втор, а на подиумот се искачи и Макс Верстапен од Ред бул.
Големо разочарување беа настапите на Себастијан Фетел и Чарлс Леклер, возачите на Ферари завршија на 13-тото, односно 14-тото место.