Хамилтон во шок: Ферари е далеку од конкуренцијата!

Денеска стартуваше новата сезона во Формула 1 шампионатот, а по квалификации на патеката на трката за Големата награда на Австралија, доминираа возачите на Мекларен. Од пол-позицијата на утрешната трка ќе тргне Ландо Норис, а друштво од првиот ред ќе му прави клупскиот колега Оскар Пиастри.

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон беше едно од разочарувањата затоа што го имаше осмото најбрзо време, што значи дека е далеку од најдобрите. Британецот вели дека бил зачуден за тоа колку заостанува зад водечките.

„Општо, се чувствувам добро. Навистина се забавував на патеката. Овој викенд се ми е ново. Прва трка со Ферари, први тренинзи, први квалификации. Има многу работа околу прилагодувањето на болидот, кој е целосно поинаков од тие кои досега сум ги возел. Беше интересно, но дефинитивно не очекував дека ќе имаме заостанување од осум до девет десетинки“, беше реакцијата на Хамилтон.

Според квотите во Sport Life, Хамилтон е шести фаворит за победа на утрешната трка со квота од 25.

 

 

- Оглас -

Најнови вести