9.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Ханси Флик: „Барселона е повеќе од семејство, целта е освојување на сите трофеи“

Барселона веќе го освои првиот трофеј оваа сезона, оној од Супер купот на Шпанија. Во моментов е лидер во Ла Лига, а во Лигата на шампионите успеа да влезе во топ-8 екипите и да биде привилигерина во продолжение од сезоната. Ако на ова се додаде и пласманот во полуфиналето од Купот на Шпанија, тогаш јасно е задоволството во редовите на Каталонците, но и кај тренерот Ханси Флик.

„Го освоивме првиот трофеј за сезоната – Суперкупот. Беше одлично против Реал Мадрид. Но, на крајот ние сме Барса и се бориме за сè. Имаме можност да се натпреваруваме за секој трофеј и токму тоа го сакаме. Треба да ги подобриме малите работи, дури и најситните, за да можеме да напредуваме. Секако, имаме шанси да ја освоиме и Лигата на шампионите. Тоа е многу голема цел за нас и работиме секој ден за неа. Знам дека нашите навивачи ни помагаат на секој натпревар. Тоа е добра комбинација – сите заедно, и затоа се бориме за овој голем трофеј. Барса е дури и повеќе отколку што си замислував. Уште од самиот почеток имав чувство дека е повеќе од семејство и така беше од првиот ден. Сега сум тука повеќе од година и пол. Навистина е неверојатно. Луѓето тука се многу љубезни со нас, па сè е фантастично“, вели германскиот тренер на клупата на Барселона, Ханси Флик.

- Оглас -

Најнови вести