Ханси Флик: Барселона покажа неверојатен победнички менталитет

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен по победата на гости од 2-4 против Атлетико Мадрид. Каталонците направија спектакуларен пресврт иако губеа со 2-0 на „Метрополитано“.


Флик ги пофали своите играчи за тоа што покажаа цврст карактер и не се откажаа и покрај негативниот развој на натпреварот.

„Игравме добро, но во првото полувреме примивме два гола. Сепак, тимот покажа неверојатен менталитет. Се боревме напорно и создадовме многу шанси. Среќен сум за тимот и за нашите навивачи“, изјави Флик.

„Феран беше фантастичен. Играчите што влегуваат од клупата се добро подготвени и секогаш даваат 100% од себе. Токму тоа ни треба“, додаде Германецот.

На крајот, стратегот на Барселона призна дека неговиот тим има јасна цел.
„Ќе се бориме да ја освоиме титулата во Ла Лига“, изјави Флик.

- Оглас -

Најнови вести