0.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Ханси Флик: Барселона сака да се пласира во топ 8 и нема оправдувања

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот тим ќе направи сè што е можно за да се пласира меѓу првите осум екипи во Лигата на шампионите и да избегне дополнителен плејоф круг во февруари. Во моментов, каталонскиот тим е на деветтото место, а утре ќе го пречека Копенхаген, но судбината на Барселона зависи не само од нивниот настап, туку и од резултатите на другите тимови.

„Го почитуваме Копенхаген, но истовремено сме самоуверени. Тие исто така мора да победат ако сакаат да продолжат, па пораката до играчите е да дадат сè од себе. Целта ни е да се најдеме меѓу првите осум екипи. Нè очекува тежок натпревар, но фокусирани сме на сопствената игра и нетрпеливи за утрешниот дуел. Нема оправдувања. Веруваме во нашиот стил и во нашата игра. Ова е Лига на шампионите и треба да го дадеме најдоброто за да успееме. Прво треба да ја задржиме мрежата мирна, а потоа сè друго. Ми се допаѓа новиот формат на турнирот“, изјави Флик.

Германскиот стратег потоа ја истакна подготвеноста на тимот и покрај повредата на Педри, кој ќе биде надвор од терените околу еден месец. Флик исто така ги израдува навивачите со информацијата дека Феран Торес, кој закрепнуваше од повреда, веќе тренира со тимот.

„Имаме силен колектив, вклучувајќи ги и резервите. Тргнуваме како тим и треба да покажеме амбиција. Во секој натпревар имаме 11-мина играчи како стартери, а уште пет можат да влезат и да го завршат натпреварот. Важно е сите да покажат дека можат да играат на исто ниво. Феран Торес ги помина сите тестови и веќе тренира со тимот, подготвен е за утре. Задоволен сум што закрепна толку брзо. Фермин Лопес е исто така одличен играч, а клубот успешно го развива. Тој е многу добар со топката и прекрасно е што школата произведува такви таленти“, додаде Флик.

- Оглас -

Најнови вести