Тренерот на Барселона, Ханси Флик, неочекувано добро го прифати нерешениот резултат (1-1) против Бетис. Со тоа, каталонскиот тим не успеа посериозно да ја искористи поразот на својот најблизок конкурент Реал Мадрид од Валенсија (1-2) и да се одвои на врвот на табелата.
Сепак, германскиот стратег го пофали својот тим за залагањето и освоениот бод.
„Им реков на играчите дека одработивме уште еден натпревар од сезоната и освоивме уште еден бод. Задоволен сум што тимот даде сѐ од себе на теренот за да постигнеме уште еден гол, но не успеавме. Немавме среќа пред противничкиот гол. Сепак, задоволен сум од тоа што го видов во второто полувреме“, изјави Флик.
„Во вакви денови, кога не можеш да постигнеш гол, треба да го прифатиш тоа што се случило. Да размислуваме позитивно. Ми е драго што тимот се бореше до крај и се обиде сѐ. Да останеме позитивни. Дополнивме уште еден бод во предноста, веќе е април и се наоѓаме во добра позиција на табелата. Да гледаме напред“, додаде Германецот.