Ханси Флик: „Го одигравме најлошиот натпревар, но заслужено сме во полуфиналето“

Фудбалерите на Барселона го доживеаја првиот пораз во 2025 година, но и покрај тоа, веќе се во полуфиналето од Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд одигра одлично и заслужено победи со 3-1, а тоа го признава и Ханси Флик.

„Ние сме во полуфиналето. Ако ги погледнеме двата меча заедно, мислам дека заслужено сме во следната фаза. Борусија е одличен тим и ни направи големи проблеми, но ние одиме понатаму и само тоа е важно. Ова не беше нашиот најдобар натпревар, но причината за тоа е одличната претстава на Борусија Дортмунд. Она што го направивме последните недели е фантастично. Направивме уште еден чекор напред, но ни претстои долг пат. Лигата на шампионите е најсилниот турнир во светот. Кога ќе стигнете до првите четири екипи, тоа е одлично. Немам желба кој да биде нашиот следен противник, но во секој случај ќе го гледам мечот меѓу Интер и Баерн“, рече тренерот на Барселона, Ханси Флик, по поразот од Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести