Барселона сезонава го победи Реал Мадрид на сите четири Ел Класико пресметки, а два од нив беа на финалните средби од Купот, односно Суперкупот на Шпанија. Сепак, и двете победи во првенството беа клучни за титулата во Ла Лига. Ханси Флик одбиваше премногу да ги коментира овие натпревари, но по победата над Еспањол го пецна вечниот ривал.
Германецот беше прашан кој е неговиот најдраг момент откако пристигна во Барселона, на што тој одговори: „Одберете која саката од овие четири победи над Реал Мадрид“, притоа покажувајќи четири прста со раката.
What was your best game of the season?
Flick🗣️”Pick any of the 4 matches against Real Madrid” pic.twitter.com/uWMJ9gPHcQ
— BARCA STORIES (@barca_stories) May 15, 2025