7.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Ханси Флик го посакува голгетерот на Спортинг Лисабон за наследник на Левандовски

Барселона внимателно го следи голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Шведскиот интернационалец го привлекол вниманието на тренерот Ханси Флик, кој има сериозен интерес да го доведе во каталонскиот клуб, тврди „Спорт“.

Моментно, Барселона тешко може да ги одвои потребните финансии за доведувањето на Ѓокереш. Фудбалерот има откупна клаузула од 65 милиони евра, а Барса тешко може да си ја дозволи таа сума.

Тренерот Ханси Флик го гледа Ѓокереш како добра опција за наследник на Роберт Левандовски. Полјакот веќе има 36 години, и Барса треба да размислува за иднината.

Ѓокереш има договор со Спортинг Лисабон до 2028 година, што ги става Португалците во силна позиција при евентуални преговори за неговиот трансфер. Швеѓанецот одигра впечатлива сезона за „лисабонските лавови“, во која постигна 43 гола на 50 натпревари во сите натпреварувања. За него се интересираат и Арсенал и Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести