Ханси Флик: „Горд сум на оваа победа, покажавме дека никогаш не се предаваме“

Барселона направи мегапресврт и негативата од 1-3 против Селта Виго ја претвори во победа од 4-3. Ханси Флик не го криеше задоволството после мечот од големата победа, која значи во најмала рака задржување на предноста од четири бода пред Реал Мадрид.

„Победивме, тоа е најважно. Игравме против многу силен противник кој има одлични резултати на последните 10 меча. Знаевме дека нема да биде лесно. Добро напаѓавме, но направивме грешка при вториот гол, па се најдовме во позиција да бркаме негатива. Сепак, ние никогаш не се откажуваме и токму таков став сакам да видам од фудбалерите. Ми се допадна нивната реакција. Горд сум на оваа победа. Покажавме менталитет кој ѝ доликува на Барселона. Во ноември бевме под голем притисок, но сега расположението е целосно позитивно. Тука сме и ќе се бориме до крај на секој натпревар.“ – рече Ханси Флик после мечот против Селта Виго.

Барселона сега дојде на +7 од Реал Мадрид, но „кралскиот“ клуб во недела игра на домашен терен против Атлетик Билбао и може да се врати на минус четири.

- Оглас -

Најнови вести