16.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Ханси Флик и Ламин Јамал се во лоши односи, а ПСЖ е на готовс за спектакуларен трансфер

Во Барселона се случува вистинска драма околу еден од најголемите таленти на денешницата, Ламин Јамал. Наводно, тој е во многу лоши односи со тренерот Ханси Флик.


Францускиот шампион Пари Сен Жермен внимателно ја следи ситуацијата на „Камп Ноу“ и е подготвен да реагира ако дојде до пресврт.

Според информациите на шпанскиот портал „Дефенса Централ“, односот меѓу Јамал и тренерот Ханси Флик е далеку од идеален. Младиот ас се чувствува недоволно ценет и неправедно критикуван, а во неговото опкружување веќе се размислува и за можно заминување од клубот доколку не се смени атмосферата.

Флик неколкупати јавно истакна дека Ламин мора „да научи да игра за тимот“, што го погодило 17-годишниот фудбалер. Јамал смета дека прерано му е наметната голема одговорност, додека тренерот нема доволно доверба во неговите способности.

Во Барселона, пак, не гледаат на ситуацијата како на алармантна. Клубот го смета Ламин Јамал за централна фигура за иднината и нема намера да го продаде. Неговиот договор важи до 2031 година, а раководството би размислувало за продажба само во случај на огромна понуда.

Сепак, ПСЖ е на готовс. Французите веќе подолго време го следат развојот на Јамал и веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Килијан Мбапе во офанзивата. Ако тензии во Барселона продолжат, лесно е можно оваа приказна да стане главна тема во следниот трансфер-период.

- Оглас -

Најнови вести