Многу врева се крева во последно време во шпанскиот фудбал и тоа поради судењето. Дел од најголемите клубови се жалат дека арбитрите прават грешки, па затоа постојано и реагираат.
На целата оваа ситуација со свој коментар се јави тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој едноставно не може да сфати зошто има толку реакции на секоја судиска одлука.
„Секогаш бараме оправдувања. Ако загубиме, ги обвинуваме судиите. Како што реков претходно, сите правиме грешки, па така и судиите. Мора да ја штитиме играта, затоа што без судии не може да се игра“, вели Флик.
Германскиот стратег потенцираше дека во фудбалот мора да се земе примерот од тоа што го прават играчите на ракометниот терен.
„Навистина го сакам ракометот. Кога гледате ракомет, судијата свири и сите се океј. Топката ја спуштаат доле и потоа фокусот е на одбраната. Мислам дека можеме да научиме многу од овој спорт“, беше пораката од Флик.