16.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Ханси Флик инсистира Феран Торес да остане во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона сака да го продолжи договорот на Феран Торес. Тренерот Ханси Флик смета дека тој е важен дел од неговиот тим и сака да се осигура дека Торес ќе остане во Барса и во наредниот период.

Актуелниот договор на офанзивецот има важност до крајот на сезоната 2026/27, но раководството на клубот ќе му понуди обновување на соработката за дополнителни две години.

Феран Торес оваа сезона одигра 31 натпревар за Барселона во сите конкуренции, но само на десет од нив беше стартер. Сепак, неговиот ефект е одличен, постигна 11 гола и забележа три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести