Ханси Флик ја дозна казната, Барселона има рок од 10 дена да се жали

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, заработи црвен картон на мечот против Бетис од Ла Лига, во моментите кога беше досуден пенал за противник за израмнување на 1-1. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучи да го суспендира германскиот стратег на два меча, па Флик нема да може да биде на клупата на дуелите против Леганес и Атлетико Мадрид.

Барселона има рок од 10 дена да се жали на оваа одлука и да се обиде да ја намали или да ја поништи казната за својот тренер. „Каталонците“ на последните пет меча од Ла Лига играат во катастрофална форма и освоија само пет од можните 15 бодови.

- Оглас -

Најнови вести