Најдобриот млад фудбалер во светот, Ламин Јамал, нема да настапи на неделниот натпревар против Севиља поради повреда, а младиот Шпанец ќе ги пропушти и натпреварите за репрезентацијата.
Јамал се повреди на мечот против ПСЖ, а Ханси Флик ги разочара навивачите со најавата дека нема да биде подготвен ниту за вечното дерби против Реал Мадрид.
„Ламин е подобар од вчера, но не е во форма. Беше добро пред натпреварот со ПСЖ, ако не беше, немаше да игра. Ако играчот не е добар, тогаш нема да игра. Не знам дали ќе биде подготвен за Ел Класико. Тоа е комплицирана повреда, не е лесно да се каже дали ќе може да игра за две или три недели.“ – рече Флик.