Ханси Флик јасно порача: „Барселона ќе биде последниот клуб во мојата кариера“

Ханси Флик откри дека Барселона ќе биде последниот клуб во неговата тренерска кариера. Тој тоа го изјави на прес-конференцијата пред реваншот против Њукасл (1:1) во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Јасно е дека сакам да работам во овој клуб. Најважно е што тука се чувствувам како да сум дел од едно одлично семејство. Ја имам поддршката од Барселона, но ова е фудбал. Тука сум за да помогнам тимот да го достигне највисокото ниво, но има уште време“, изјави Флик.

„Не размислувам да одам во друг клуб кога еден ден ќе заминам од тука. Ова ќе биде мојот последен клуб, последната работа и задоволен сум од тоа“, додаде германскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести