Барселона не успеа да го победи Рајо Ваљекано и одигра само 1-1 на гостувањето во предградието на Мадрид. Каталонците беа далеку од потребното ниво, а она што посебно зачудува е фактот дека противникот имаше двојно повеќе удари во рамките голот и беше поблиску до победата.
„Мислам дека добро е што освоивме бод бидејќи и не заслуживме повеќе. Направивме многу грешки. Можевме да постигнеме гол пред крајот на првото и на почетокот на второто полувреме, но се случи тоа што се случи. Ова беше лош натпревар за нас. Сакавме да победиме, но мора да го почитуваме она што го направи Рајо на теренот, навистина беа добри. Кога сите играме добро, тогаш може да победиме на ваков натпревар, а вака може да бидеме среќни што освоивме бод. Одбраната беше на ниво, но во средината и во нападот правевме многу грешки“, вели тренерот на Барселона, Ханси Флик.