Ханси Флик ќе потпише нов договор, но одобрил и една летна трансфер „бомба“

Германскиот стратег Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона до летото 2027 година, што е потврда на довербата што ја има кон него раководството предводено од Жоан Лапорта. Иако му беше понуден и подолгорочен договор, Флик сам инсистирал на стратегијата „сезона по сезона”, и ќе преговара повторно по следната сезона.

Интересен момент е што Флик побарал клубот да ги обнови договорите со Жул Кунде, Френки де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња, сите играчи кои под негово водство направија значителен напредок и сами сакаат да останат во клубот.

Флик, исто така, го одобрил трансферот на Нико Вилијамс, кој има откупна клаузула од 60 милиони евра, но проблемот е конкуренцијата од Арсенал кој му нуди повисока плата.

Дополнително, Флик сака и резервна опција на десен бек која ќе биде поекономична. Како еден од кандидатите се споменува Романецот Андреј Рациу од Рајо Ваљекано. Воопшто не се очекува бурно лето на „Камп Ноу“, бидејќи останатите позиции се доволно покриени според проценката на Флик.

- Оглас -

Најнови вести