4.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Ханси Флик: Многу добро знам за што е способен Маркус Рашфорд

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од победата со 1-2 над Њукасл во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Тој изјави дека овој триумф е вреден и дека за неговиот тим било важно да ја започне кампањата со три бода.

„Атмосферата беше фантастична. Њукасл играше со голем интензитет, но тоа беше очекувано. Ние ја задржавме самодовербата во нашите способности. Важно беше да ја започнеме сезоната во ЛШ со три бода. Минатата година загубивме од Монако, но сега се претставивме подобро“, рече Флик.

Тој се осврна и на настапот на Маркус Рашфорд, кој со своите дебитантски голови му ја донесе победата на каталонскиот клуб.

„Го имам видено Рашфорд што може да направи на тренинзите, а сега тоа и го покажа. Многу ми е драго за него. Во нападот имаме многу добри играчи, а тој е еден од нив. Среќен сум што го имам во составот. Тој ни нуди повеќе опции во офанзивата. Овие два гола ќе му помогнат на Маркус да го направи следниот чекор. Ќе му дадат самодоверба и ќе се чувствува подобро. Токму затоа овие погодоци имаат толкава важност“, додаде Германецот.

- Оглас -

Најнови вести