Ханси Флик најавува: „Морам да го одморам Јамал!“

Барселона се врати на +4 во однос на Реал Мадрид на врвот од табелата во Ла Лига, но „кралевите“ вечерва гостуваат на „Местаља“ и може да се вратат на минус еден.

Избраниците на Ханси Флик синоќа славеа над Мајорка со убедливи 3-0, но Германецот не е задоволен од прикажаното во првото полувреме, а највува дека ќе му ја намали минутажата на Јамал за да го одмори.

„На полувремето ги прашав фудбалерите дали се задоволни како одигравме, а тие ми одговорија дека не се. Им кажав каде треба да се подобриме. Се работеше за позиционирањето, но и на брзи и квалитетни проигрувања. Првото полувреме не беше како сакавме, но второто беше далеку подобро. Мора да му ја намалиме минутажата на Јамал. Знам дека ужива додека игра, но во првото полувреме не беше на посакуваното ниво. Затоа го сочувавме за второто полувреме, а тој постигна фантастичен гол. Го замолив да го заменам, а тој се согласи. Ни следуваат многу натпревари. Касадо заслужи да игра, а Френки не се чувствуваше добро и го оставив на клупа. За мене е најважно сите да даваат се од себе на тренинзите и да ја заслужат минутажата.“ – рече Ханси Флик по победата над Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести