Барселона имаше одличен старт во Ла Лига и победи со 0-3 на гостувањето кај Мајорка, но Ханси Флик воопшто не е задоволен од она што го виде на теренот. Противникот имаше двајца исклучени фудбалери, но „каталонците“ цело второ полувреме не можеа да постигнат погодок, се до последната минута кога Јамал со фантастичен удар ги постави конечните 0-3.
„Освоивме три знајачни бода, но воопшто не ми се допаѓа како помина овој натпревар. После водството од 0-2 и двата црвени картони, мислам дека игравме со 50% од нашите можности. Тоа не смее да се случува и со фудбалерите ќе разговарам за ова. На фудбалерите секогаш им кажувам дека мора да играме додека судијата не ја прекине играта. И вечерва во случајот со голот на Феран не ја прекина играта.“ – рече Ханси Флик по победата над Мајорка.