Ханси Флик: „Ние дадовме четири гола, тие три, што можам друго да кажам?“

Барселона го совлада Реал Мадрид со 4-3 во Ел Класико и сега е на само чекот од освојувањето на трофејот во Ла Лига. „Каталонците“ имаат предност од седум поени пред најголемиот ривал, а до крајот на првенството остануваат уште само три кола, па титулата теоретски може да ја обезбедат веќе во четврток на градското дерби против Еспањол.

„Кога ќе дојдете во нов клуб, имате одредени цели, посебно кога ќе дојдете во клуб како Барселона. Нашата цел беше да се освои титулата. Мора да работиме на одбраната, но сега е време да славиме. Среќен сум поради екипата. Јамал има голема самодоверба и секогаш знае за што е способен. Многу е интелигентен. Верувајте ми, тој не е дете. За мене беше важно да не заборавиме што се случи против Интер, а во исто време да се радубаме на мечот против Реал. Како што гледате, со неговиот гол се вративме во игра. Тоа е доказ за неговиот квалитет. Реал Мадрид одлично го користеше просторот и тоа нѐ тераше да правиме грешки. На крајот ние дадовме четири гола, тие три, што можам друго да кажам? Секогаш се обидуваме да напаѓаме и да правиме притисок на противникот. Неверојатно е да се вратиш после негатива од 0-2 и да постигнеш четири гола. Титулата уште не е обезбедена, ова е фудбал, ни требаат уште три бода.“ – рече Ханси Флик после победата над Реал Мадрид во Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести