Ханси Флик: „Ние не сме Реал, ние сме Барселона и нема да бараме алиби“

Барселона веќе утре го игра првиот меч по репрезентативната пауза, и тоа оној одложениот против Осасуна. Двете екипи не беа задоволни од терминот, но на крајот ја прифатија одлуката на Ла Лига.

„Треба да ги прифатиме околностите бидејќи како клуб ништо не можеме да промениме. Можеби УЕФА и ФИФА треба да се вклучат и да им дадат повеќе одмор на фудбалерите. Мора да играме, така велат од Ла Лига, а ние велиме добро. Момците играа за репрезентациите, тоа е лошо за нас. Не сум воопшто среќен. Кога играте во Лигата на шампионите, треба да бидете заштитени во вашата земја. Во другите првенства е поинаку. Ние сме Барселона, а не Реал. Горди сме што сме Барселона. Ќе излеземе на терен и нема да бараме алиби“, рече Ханси Флик на официјалната прес-конференција пред мечот против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести