Барселона освои само пет бода на последните пет натпревари во Ла Лига и повторно му даде шанса на Реал Мадрид сам да одлучува за врвот на табелата. „Каталонците“ имаат само два бода предност пред најголеиот ривал, кој има и натпревар помалку, па со евентуална победа ќе ги симне од врвот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во 66-тата минута буквално збесна крај аут-линијата, откако судијата покажа пенал за Бетис, па заслужено го исклучи гермснкиот тренер.
„Никому ништо не реков, си зборував сам на себе. Тоа е затоа што им требаше многу време да проверат дали е пенал. Кога на судијата му е потребно толку многу време, човек може да се сомнева. Не се согласувам со картонот. Не знам што направив, тоа никогаш претходно не ми се случило. Можеби тука поинаку се гледа на работите.“ – рече Флик после ремито (2-2) против Бетис.