Барселона игра во катастрофална форма во Ла Лига и на последните седум меча освои само пет бода, а успеа да ги загуби последните три домашни натпревари од Лас Палмас, Леганес и Атлетико Мадрид.
Сепак, и покрај тоа, Ханси Флик е оптимист и очекува да се вратат на победничките патеки после паузата.
„Беше неверојатно како игравме. Паузата за нас доаѓа во вистинско време. Горд сум како одигравме, но мора да учиме од грешките. Да загубите девет бода на домашен терен не е нормално. Колку сме силни ќе покажеме после паузата. Разочаран сум од поразот, но животот продолжува. Кога во 6:30 наутро патувам за на тренинг, среќен сум што можам да ги тренирам овие момци. Сега немаме добра атмосфера во соблекувалната, но таков е фудбалот. Ќе се вратиме уште посилни. Треба да ги направиме играчите горди на начинот на кој играат.“ – рече Ханси Флик после поразот од Атлетико Мадрид на домашен терен.