Ханси Флик останува селектор на Германија

Спортскиот директор на Фудбалската федерација на Германија, Руди Фелер, пред денешниот меч против Колумбија изјави дека Ханси Флик ќе остане селектор иако репрезентацијата бележи лоши резултати во последно време.

Германија во петокот во пријателски натпревар загуби од Полска со 1:0 и тоа беше трет меч по ред без победа.

„Ханси Флик ќе остане селектор. Сите сме согласни дека Ханси е вистинскиот тренер за добра игра на ЕП“, изјави Фелер како одговор на медиумите кои бараат смена на селекторот.

Ханси Флик во 2021 година ја презеде репрезентацијата на Германија и стартуваше со осум победи по ред во квалификациите за СП 2022, но потоа во наредните 15 меча оствари само четири победи, и тоа против Италија, Оман, Костарика и Перу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести