Ханси Флик останува во Барселона најмалку до 2027 година

Првата сезона како тренер на Барселона за Ханси Флик е пред самиот крај, а Германецот веќе освои два трофеи, а на чекор е и од трет. Каталонците победуваа во финалињата од шпанскиот Куп и Супер куп против вечниот ривал Реал Мадрид, а Барселона ги победи Кралевите и на двата првенствени натпревари, па веќе во четврток против градскиот ривал Еспањол може и теоретски да го освои трофејот од Ла Лига.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објави дека Ханси Флик и Барселона се договориле за продолжување на договорот до 2027 година, а тоа и официјално ќе биде објавено на крајот од оваа сезона. Актуелниот договор на Германецот со Каталонците е до летото 2026 година, па ќе значи продолжување за уште една дополнителна година.

Во Каталонија секако дека се задоволни од Ханси Флик, кој не само што ја врати екипата на победничките патеки, туку тоа го стори во директни дуели против Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести