Ханси Флик остро му се спротивстави на Лапорта: Не го сакам Нејмар во тимот, ниту сега ниту некогаш!

Барселона сезонава е со нов тренер. Германскиот стратег на почетокот на сезоната застана на чело на екипата и засега врши добра работа. Каталонскиот гигант е лидер на табелата во Примера дивисион, а се пласира и во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Барселона сезонава веќе го освои трофејот во Суперкупот, а во трка е за пехарот и во Купот.

Единставно Флик создаде квалитетна екипа, во која сигурно не сака да дојде некој фудбалер и да ја наруши хармонијата. Таа би можело да се се случи ако во Барселона се врати Нејмар. Некогашната бразилска ѕвезда во Барселона ги помина најубавите денови, а потоа направи трансфер за рекордни 222 милиони евра и замина во Пари Сен Жермен.

Кариерата на Нејмар тргна во надолна линија кога потпиша за Ал-Халил во Саудиска Арабија, каде што за година и пол одигра само неколку средби. Сега Нејмар се врати во Бразил, во матичниот клуб Сантос, а постојат шпекулации дека првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, размислува да го врати Нејмар во Барселона.

Сепак, за такво нешто воопшто не сака да слушне тренерот Флик.

„Не го сакам во Барселона. Ниту сега, ниту некогаш“, била пораката која Флик ја упатил до Лапорта.

Лапорта знае дека Нејмар веќе нема да преставува финансиски голем товар, но сепак, тие што се задолжени за тимот не се согласуваат со претседателот на клубот.

„Еден фудбалски тим се гради на рамнотежа. Понекогаш историјата не се повторува. Ова не е време за Барселона да размислува за Нејмар, ниту Нејмар да размислува за Барселона“, е мислењето на спортскиот директор на Барселона, Деко, кој се согласува со тренерот Флик.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести