-6.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Ханси Флик откри која е тајната на Барселона која „пукна петарда“ против Атлетик Билбао

Барселона се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија откако убедливо со 5:0 славеше над Атлетик Билбао. Каталонскиот гигант уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победнмикот постигнувајќи четири голови.

Ова беше прв пат во историјата, на меч од Суперкупот, еден тим да води со четири разлика на полувреме. На почетокот од второто полувреме Барселона постигна и петти погодок, а потоа фаворитот го намали темпото и остана тој резултат до крајот.

По завршување на средбата, тренерот на Барселона, Ханси Флик беше презадоволен.

„Презадоволен сум од тоа што го видов денеска. Претходниот меч не бевме волку добри. Овојпат направивме разлика како во одбраната, така и во нападот. Најважно е тоа што игравме како тим. Се боревме еден за друг. Бевме на вистинските позиции и создававме многу шанси. Уживав да го гледам тоа. Сакам секогаш да играме вака. Ја контролиравме играта и постигнувавме голови“, задоволно коментираше Флик.

Во финалето на Суперкупот, Барселона ќе го чека подобриот од мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико кое се игра вечерва во Џеда, Саудиска Арабија. Флик не кажа кој противник повеќе би го посакал за ривал во финалето.

- Оглас -

Најнови вести