Ханси Флик откри што е „грешката“ во Барселона, сите имаат расипани заби

Челниците на Барселона решија да се разделат со Чави на крајот на минатата сезона и за нов тренер на каталонскиот клуб го избраа Ханси Флик. Германскиот стручњак прифати многу пониска плата од очекуваната само за да дојде во Барселона, што доволно покажува колкава желба и мотивација има за работата во овој клуб.

Барселона пред неколку дена официјално ги започна подготовките за новата сезона со систематски прегледи на дел од фудбалерите. Се работи за играчи кои немаа обврски на Европското првенство или Копа Америка, па затоа немаа потреба од подолг одмор.

Уште на почетокот Флик покажа колку сериозно ја сфатил својата работа во Барселона и колку внимание посветува на секој детаљ кој може да направи разлика за неговите играчи. За првпат во Барселона беше направен и орален преглед на фудбалерите, односно играчите мораа да одат кај стоматолог по инсистирање на Флик.

Каталонскиот „Спорт“ откри дека Флик им рекол на играчите дека тоа е задолжителен преглед и дека некои од повредите можат да бидат поврзани со проблеми со лошите заби.

Колку сериозно Флик ја сфаќа редовната посета на стоматолог, покажува и фактот дека клубот ангажираше стоматолог кој сега е дел од медицинскиот тим и играчите ќе мора редовно да одат на прегледи.

- Оглас -

Најнови вести