Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, со победата над Реал Сосиедад се искачи на лидерската позиција на табелата во Ла Лига, но тренерот на Каталонците вели дека до победата дошле тешко, а имале само 68 часа одмор од претходниот првенствен меч против Овиедо.
„Ова беше тимска победа во тежок меч. Сосиедад знаеше да игра со топка. Имавме тешка задача, но заслужено победивме. Имавме само 68 часа одмор од претходниот првенствен натпревар, па тешко е фудбалерите да одиграат на највисоко ниво. Направивме одлична работа. Најважно е да работиме по планот и да ги освојуваме трите бода на секој натпревар. Сега имаме еден ден одмор, а потоа започнуваат подготовките за ПСЖ“, рече Ханси Флик по победата над Реал Сосиедад.
Мечот Барселона – ПСЖ се игра во среда, па Каталонците нема да имаат многу време за одмор и подготовка.