Ханси Флик: „Ова е победа за Олмо, но и за целата екипа“

Среда беше среќна за Барселона. „Каталонците“ го победија Атлетик Билбао во полуфиналето од шпанскиот Супер куп со 2-0, но непосредно пред мечот пристигна информацијата која сите ја чекаа. Судот одлучи да ги поништи одлуките на ФС на Шпанија и Ла Лига, па Дани Олмо и Виктор Пау имаат право на настап во финалето.

„Многу сум среќен поради нашиот клуб. И тие (Олмо и Виктор) се среќни. Беше тоа добар знак пред натпреварот. Победата е за целата екипа, не само за нив. Заслужено победивме, иако не доминиравме како што ние знаеме, но јас сум среќен. Целта беше финале и тоа го исполнивме. Не го изгубивме интензитетот после излегувањето на Јамал. Го разбирам фокусот на него, но важно е да го гледаме тимот како целина. Тој се врати после повредата и играше околу 60 минути.“ – рече Ханси Флик после мечот со Атлетик.

Во второто полуфинале вечерва играат Реал Мадрид и Мајорка, па сите се во очекување на новата пресметка помеѓу шпанските гиганти за трофејот од шпанскиот Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести