1.8 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Ханси Флик пикирал напаѓач кој ќе го замени Левандовски

Ерата на Роберт Левандовски во тимот на Барселона најверојатно доаѓа до крајот. Полскиот голгетер има договор со каталонскиот гигант до ова лето, кога тој ќе наполни 38 години, па речиси сигурно е дека нема да добие продолжување на соработката.

Сезонава, во прв план во нападот се наметна Фермин Лопес кој постигна дури 14 голови, но не смее да се заборави за се тоа што Левандовски го направи во изминативе две и пол сезони.

Сега, спортскиот директор на Барселона Деко е во потрага по замена за Левандовски. Според шпанските медиуми, тренерот Ханси Флик веќе дал свое мислење за тоа кој голгетер треба да пристигне на „Камп Ноу“ за следната сезона.

Германскиот стратег го има пикирано напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси. Се работи за искусен 29-годишен офанзивец кој би требало да донесе стабилност меѓу младите ѕвезди на Барслеона како што се Ламин Јамал, Педри, Гави…

Гираси е силен, доминантен напаѓач, кој има одлична дуел игра, а добро се снаоѓа и во воздушните дуели. Гираси има активен договор со Борусија, а во договорот стои откупна клаузула во која се вели дека договорот може да биде раскинат како се понудат 65 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести