Тренерот на Барселона, Ханси Флик, подготвува изненадување, барем кога се работи за трансфер-пазарот ова лето. Според медиумите во Шпанија, „каталонците“ планираат да го ангажираат хрватскиот ветеран, Иван Перишиќ.
36-годишниот фудбалер од септември минатата година беше дел од ПСВ Ајндховен, откако си замина од Хајдук поради недоразбирања. Сепак, договорот со екипата од Холандија му завршува на крајот од овој месец, па ќе биде слободен агент.
Планот на Флик е со ангажманот на Першиќ да добие уште една алтернатива на крилната позиција, што ќе биде олеснување за Рафиња и Јамал. Секако, Хрватот би бил резерва во Барселона, но барем пред крајот на кариерата ќе го облече дресот на „каталонците“ и само ќе стави печат на богатата кариера.