Ханси Флик имаше фантастична прва сезона на клупата на Барселона. Германскиот стратег го предводеше каталонскиот гигант до три титули во Шпанија. Барселона ја освои титулата во првенството, а се радуваше и на пехарите во Купот и Суперкупот на Шпанија.
За овој успех, Флик доби бонус кој му следува со договорот. Сепак, Германецот не заборави дека за овој успех се заслужни и неговите соработници, па реши бонусот да го подели со нив.
Секој од соработниците на Флик заработи по 10.000 евра бонус за добро завршената работа во сезоната која што измина.