Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека тимот веќе го оставил зад себе разочарувањето од елиминацијата во Лигата на шампионите и е подготвен целосно да се посвети на трката со Реал Мадрид за титулата во Ла Лига.
Каталонците беа елиминирани по драматичниот натпревар со Интер, каде примија гол во последните секунди и загубија со вкупен резултат 7-6 што ги елиминира од натпреварувањето.
Сепак, Флик уверува дека атмосферата во тимот е позитивна пред денешното Ел Класико.
„Се справуваме добро. По поразот во Милано беше тешко, но направивме сè што треба. Го анализиравме периодот што следи и се договоривме што сакаме да постигнеме. Нè чекаат уште четири натпревари. Ел Класико е многу важно. Мора да покажеме колку сме силни и уверени во наш триумф“, изјави Ханси Флик.
Германецот нагласи дека играчите се подготвени и ментално и физички.
„Разговаравме отворено, како група. Секој знае дека на Ел Класико се дава максимум. Треба да бидеме активни, интензивни, да доминираме. Реал Мадрид е врвен тим, но ние ќе се потпреме и на поддршката од нашите фанови.“
Иако Барса прими 10 гола на последните четири натпревари, Флик останува смирен и задоволен од дефанзивната линија.
„Филозофијата на клубот е јасна, играме со висока одбрана и доминација. Тимот напредува, а тоа се гледа и во резултатите.“
Флик потврди дека Роберт Левандовски и Алехандро Балде нема да започнат против Реал Мадрид поради физичка неподготвеност.