Ханси Флик: По ова Ел Класико ќе треба да одам на срцев преглед

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со многу емоции ја коментираше големата победа на неговиот тим од 4-3 против Реал Мадрид во Ел Класико. Германскиот стратег ги пофали своите фудбалери за покажаниот менталитет и големиот пресврт, но истакна дека тимот мора значително да се подобри во дефанзивата.

„Ќе треба да си го прегледам срцето. Лесно е да се каже дека тактиката ни беше да дадеме четири гола – ако примиме три. Мораме многу да се подобриме дефанзивно. Кога вршиме пресинг – сè функционира, но штом направиме грешка, станува комплицирано“, рече Флик.

Тој додаде дека физичката подготвеност е клучна ако Барселона сака да игра во својот препознатлив стил и дека иако се на чекор до титулата, уште не се чувствуваат како шампиони.

„Физичката подготвеност е неопходна. Уште не се чувствуваме како шампиони, но би било прекрасно да ја завршиме сезоната со три трофеи“, заврши тренерот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести