Барселона со лесни и убедливи 0-4 славеше на гостувањето кај четвртолигашот Барбастро и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Шпанија. После натпреварот Ханси Флик одговараше на новинарски прашање, а неизбежна тема беше регистрацијата на Дани Олмо.
„Убеден сум дека клубот ќе го реши прашањето за регистрациите на Дани Олмо и Виктор Пау. Утринава разговарав со Дани, него го интересира само играњето за Барселона. Ги чекаме.“ – рече Флик.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија и Ла Лига ја одбија регистрацијата на двајцата фудбалери, па Барселона сега ќе мора да се жали на суд и да чека позитивен исход.