Барселона проблемите на голманската позиција ги реши со враќањето од пензија на Војќех Шченсни, кој се покажа како полн погодок и веќе е незаменлив меѓу стативите. Ханси Флик веќе им го претставил планот на раководството на клубот, барем што се однесува до голманската позиција за следната сезона.
Одлуката е да не се купува нов голман, туку да се убедува Шченсни да остане уште најмалку една сезона во Барселона, а се очекува и враќањето на Марк-Андре тер Штеген, па конкуренцијата за дресот со број еден ќе биде пеколна.
Сепак, останувањето на Шченсни ќе значи заминување на Ињаки Пења од Барселона, кој не е задоволен од својот статус бидејќи по повредата на Германецот, очекувањата беа дека токму тој ќе биде прв избор меѓу стативите. Планот е третиот голман во екипата да дојде од резервниот состав, а Пења да биде ослободен од обврските и да си бара нова фудбалска средина.