Барселона сигурно ќе го задржи првото место на табелата и по 15 коло во шпанската Примера дивисион, откако со 3:1 го доби синоќешното дерби против Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант сега има 37 бодови, четири повеќе од Реал Мадрид кој вечерва гостува кај Атлетик Билбао.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик беше презадоволен од победата и прикажаното на теренот.
„Ова беше фантастичен меч. Жеското се боревме, за да победиме еден фантастичен тим. Успеавме да ја контролираме топката и да најдеме простор меѓу линиите на противникот, што беше многу важно. „Мислам дека ова беше еден од нашите најдобри мечеви. Навистина ми се допадна тоа што го видов на теренот. Заслужено победивме. Ова беше тој чекор напред што го барав. Денес бевме многу добри, подобри во секој аспект. Штета што не го реализиравме пеналот, но покажавме дека не се предаваме и по тој промашен удар. Горд сум на тоа што го видов.“, вели Флик.
Германскиот тренер потенцираше дека дел од фудбалерите не се стоосто подготвени, но дека секој го дава максимумот.
Барселона во следното коло ја чека нов голем предизвик а тоа е гостување кај Бетис.

